Денеска во ЛШ: Реприза на ланското финале во Мадрид, Миовски чека нова шанса за настап

by 24 фудбал
1 минути читање

По репрезентативната пауза се враќаат возбудувањата во европската елита, односно во Лигата на шампионите. Со вкупно девет натпревари стартува третото коло на најпрестижното клупско натпреварување на светот.

Сите очи вечерва ќе бидат вперени кон „Сантијаго Бернабеу“, каде што ќе се игра реприза на ланското финале. Реал Мадрид ќе ја дочека Борусија Дортмунд, со надеж за враќање на победничките патеки. „Кралевите“ во минатата рунда шокантно загубија на гости кај Лил и сега против „милионерите“ мораат да се борат за враќање на победите. Од друга страна Борусија е на два од два и со гол-разлика 10-1 е на врвот на табелата во моментов. Тие беа доста убедливи против Селтик (7-1), а потоа и кај Клуб Бриж (0-3).

Шанса за нови минути во елитата чека македонскиот репрезентативец Бојан Миовски. Жирона ќе биде домаќин на екипата на Слован Братислава, а тренерот на домашните Мичел се соочува со доста проблеми. Поради тоа Миовски може да се надева на минутажа во Лигата на шампионите. Во минатото коло штипјанецот беше стартер и не реализира пенал во поразот од Феенорд, меѓутоа одигра солиден меч.

  • Сите денешни натпревари во Лигата на шампионите:

Милан – Клуб Бриж (18:45)
Монако – Црвена Звезда (18:45)
Арсенал – Шахтјор (21:00)
Астон Вила – Болоња (21:00)
Жирона – Слован Братислава (21:00)
Јувентус – Штутгарт (21:00)
ПСЖ – ПСВ (21:00)
Реал Мадрид – Борусија Дортмунд (21:00)
Штурм Грац – Спортинг (21:00)

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани