Лигата на шампионите продолжува со возбудувањата од петтата рунда, а првиот натпреварувачки ден нуди големо европско дерби.
Баерн Минхен на „Алијанц Арената“ ќе го дочека ПСЖ, во реприза на финалето од 2019 година. Двете екипи котираат катастрофално во споредба со своите желби, па победата е императив во ова дерби. Баерн е дури 17. додека ПСЖ е прв „под цртата“ на 25. позиција со само четири бода. Дербито во Минхен се очекува да биде вистински спектакл.
Интересено се очекува да биде на „Џузепе Меаца“, каде што Интер е домаќин на Лајпциг, Барселона ќе го дочека хитот Брест, Арсенал гостува во Лисабон кај Спортинг…
- Натпревари од првиот натпреварувачки ден во петтото коло на ЛШ:
18:45 часот
Слован Братислава – Милан
Спарта Прага – Атлетико Мадрид
21:00 часот
Барселона – Брест
Баер Леверкузен – Салцбург
Баерн – ПСЖ
Интер – РБ Лајпциг
Манчестер Сити – Феенорд
Спортинг – Арсенал
Јанг Бојс – Аталанта