Селекторот на Хрватска, Златко Далиќ е разочаран од резултатот против Албанија, но верува дека ќе поминат во следната фаза на Европското првенство.
Хрватска одигра само 2-2 против Албанија, па за да оди во осминафиналето ќе мора да ја победи Италија во последното коло.
„Ова е турнир на кој е важно да се помине групата, не е важно каков ќе биде впечатокот. Не очекувавме вака тешка приказна од овој натпревар. Можеби од ова ќе излеземе подобри“, вели Далиќ.
„Лошо се поставивме, се повлековме и примивме гол, а можевме и уште еден. Не им рековме да се повлечат, рековме дека одиме по трет гол и кога правевме висок пресинг бевме добри. Грешка. Беше грешка шот се повлековме на крајот“.
„Најважно е што уште сме живи и на последниот натпревар сами одлучуваме. Научивме да одиме по најтешкиот пат“.