Борусија Дортмунд се врати на победите во Лигата на шампионите, откако минимално славеше против Штурм Грац (1-0).
„Милионерите“ имаа сериозен проблем за претходните два натпревари, бидејќи Нури Шахин не може да смета на повеќе фудбалери. Така за дуелот со Австријците тренерот на Борусија имаше на располагање само 12 сениорски фудбалери.
Стартери беа истите играчи кои изминатиот викенд играа против РБ Лајпциг, а единствен сениор на клупата беше Донел Мален.
Токму холандскиот фудбалер кој влезе свеж го реши дуелот со Штурм и донесе победа. Освен него шанса за даиграат добија Кембл и Ажил, а сите останати на клупата беа младинци и членови на резервниот тим кој се натпреварува во третата лига во Германија.