146
Европскиот вицепрвак Борусија Дортмунд го промовира новото засилување за средината од теренот, во името на Паскал Грос.
Искусниот дефанзивен играч за врска потпиша двегодишен договор со „милионерите“. За неговите услуги Борусија на Брајтон ќе му плати седум милиони евра, плус одредени бонуси. 33-годишникот веќе седум сезони настапуваше во Премиер лигата, но сега се враќа во Бундеслигата.
Освен Грос, Борусија Дортмунд е на патот да обезбеди уште едно големо засилување, а затворање на зделката се очекува утре.
Јан Коуто од Манчестер Сити би требало да пристигне на медицински прегледи и ако сè мине според планот, ќе потпише договор со Борусија.