Поранешниот капитен на Хрватска, подоцна и соработник во УЕФА на Александар Чеферин во УЕФА, Звонимир Бобан даде интервју за „Газета дело Спорт“ во кое меѓу другото ја коментираше и ситуацијата во Милан, клубот каде што ги помина најдобрите играчки денови.
Бобан истакна дека почитува тренерот Пауло Фонсека кој ова лето пристигна во Милано, но смета дека „росонерите“ мораат да играат во формација 4-3-3.
Исто така имаше свој коментар за Ибрахимовиќ кој во Милан има улога на советник за спортски прашања.
„Златан е генијалец и до крајот на животот ќе му бидам благодарен бидејќи од љубов кон Милан се согласи да се врати и така ја промени новата историја во клубот. Но, сега не ми е јасно што прави во Милан и кои се неговите задачи, па така не можам и да го оценам. Се надевам дека тој разбра и на крајот би можеле да судиме“, изјави Бобан кој имаше критика за трансфер политиката.
„Тимот кој ја освои Серија А и играше полуфинале во Лигата на шампионите невнимателно беше растурен. Толку многу можеше да се изгради на тие темели, за мене тоа беше очигледна грешка“, изјави Бобан.