Ѕвездата на Реал повраќаше на полувреме во Грција! (ФОТО)

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид приреди нов спектакл во Пиреја и со пресврт го совлада Олимпијакос со 3-4 во петтото коло од Лигата на шампионите.

Лидерот во Ла Лига имаше рана негатива по голот на Чикињо, но Килијан Мбапе повторно покажа зошто е прва ѕвезда на тимот. Французинот погоди во 22, 24 и 29 минута, а потоа уште еднаш во 60 минута и стигна до 22 гола оваа сезона, од кои 9 во Европа.

Првото полувреме го одигра Едуардо Камавинга, кој во 29 минута му асистираше на Мбапе. Младиот Французин уште пред мечот имаше проблеми бидејќи настапи со грип, а на паузата камерите го снимија како повраќа во соблекувалната. Тој едвај го издржа темпото и имаше потешкотии со дишењето, па Чаби Алонсо го извади од игра на полувреме и го внесе Дани Себаљос.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×