Зошто Реал испраќа деманти само за Нејмар и Мбапе?

by
2 минути читање

„Кралевите“ секое
лето се поврзуваат со голем број на играчи, ништо не е поразлично ниту овие
месеци. Но за разлика од минатото, Реал Мадрид сега веднаш испраќа деманти,
нешто што ретко се случувало претходно. И што е
симптоматично, официјалните соопштенија се само за играчи на ПСЖ, односно
Нејмар и Килијан Мбапе.

Денеска медиумите
од Англија го поврзаа Реал Мадрид со трансфер на Еден Азар вреден 170 милиони
евра, а оние од Бразил со обид за ангажман на Нејмар, наводно шампионот на Европа
испратил човек во Бразил да преговара со таткото на напаѓачот.

Реал Мадрид
испрати демант, но само за оваа втората шпекулација: „Со оглед на константните
информации кои го поврзуваат нашиот клуб со Нејмар од ПСЖ, Реал Мадрид сака да
појасни дека не планира да достави понуда за играчот“.

Пред неколку дена
имаше гласини дека Жорж Мендеш треба да го донесе Милинковиќ Савиќ на Сантијаго
Бернабеу за 100 милиони евра, но за оваа шпекулација немаше реакција.

Сепак, Реал
испрати демант кога минатата недела се појавија гласини за трансфер на Килијан
Мбапе вреден 272 милиони евра, како и на почетокот од месецот кога се пишуваше
за трансфер на Нејмар од 310 милиони евра.

Мотивот зад
стратегијата да се испраќаат деманти само за играчи на ПСЖ веројатно е тоа што
Флорентино Перез сака да одржи добар однос со својот колега од спротивниот табор,
Насер Ал Келаифи.  Во договорите на
Нејмар и Мбапе нема откупни клаузули, па доколку Реал реши да купи некој од
овие играчи ќе мора да пронајде заеднички јазик со „Светците“.

Друга теорија е
дека Флорентино Перез со овие деманти го опипува пулсот на навивачите на Реал
Мадрид, и сака да види што сметаат фановите за тоа кон кого треба да се
фокусираат, дали Нејмар или пак Мбапе.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани