Зидан пред да си поднесе оставка договорил засилување за Реал, требал да пристигне фудбалер на Ливерпул!

by
1 минути читање

Французинот во
четвртокот на прес конференција соопшти дека го напушта кормилото на Реал Мадрид, а ден претходно за ова го известил и Флорентино Пераз.

Одлуката беше
големо изненадување, а според Франс Фудбал, Зинедин Зидан го кроел тимот за
новата сезона пред да поднесе оставка. Магазинот пренесува дека Садио Мане од
Ливерпул требал да биде првото засилување, трансферот бил практично договорен,
но сега виси во воздух.

Сенегалецот бил
приоритет на Зизу пред Азар, Кејн и Салах. Брз, силен, технички добро поткован
и снаодлив пред противничкиот гол (Мане постигна 20 погодока на 44 натпревари),
стратегот верувал дека тој ќе биде одлично засилување на тимот.

Флорентино Перез
немал никакви забелешки и дал зелено светло, веднаш бил постигнат договор со
играчот, Мане му кажал ДА на Реал и требало само да се пронајде заеднички јазик
со Ливерпул.

Но заминувањето
на Зинедин Зидан значело стоп на зделката, па сега неговиот наследник ќе треба
да одлучи дали да се продолжи со преговорите и да се комплетира трансферот или
пак да се тргне по други играчи.

По ваквата
сторија на Франс Фудбал се огласија неколку извори од „Островото“, кои велат
дека немало шанси Ливерпул да се раздели со Мане.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани