Зидан не е како другите, се откажа од 18 милиони евра кога си даде отказ

by
1 минути читање

Зидан си даде неочекувана оставка од кормилото на Реал Мадрид иако имаше важечки договор до 2020 година со годишна плата од девет милиони евра.

Најголемиот дел од тренерите не си поднесуваат оставка ни кога имаат лоши резултати, чекаат клубот да им даде отказ и да им ги исплати преостанатите плати од договорот.

Зидан не чекаше да се случи таков момент иако во неговиот договор имаше загарантирана плата уште од 18 милиони евра. Тој одлучи да го ослободи тренерското столче во Реал Мадрид иако освои три титули во Лигата на шампионите по ред.

Ист беше случајот и кога стави крај на кариерата како фудбалер во Реал Мадрид во 2006 година, тогаш се откажа иако имаше уште една година од договорот. Зидан почувствува дека веќе не може да игра на исто ниво и ги „обеси копачките“ иако можеше да зима висока плата најмалку уште една година од кралскиот клуб.

Очигледно е дека за француската фудбалска легенда важат поинакви принципи отколку за повеќето, кај него достоинството е секогаш пред парите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани