Многумина веста
дека Зинедин Зидан се повлекува од клупата на Реал Мадрид ја проследија
изненадувачки, францускиот стратег доста доминантно низ Европа го предводеше
својот тим.
Постоеа повеќе
причини кои одредени медиуми ги наведоа за неговата одлука, едната од нив беше
секако онаа изјава на Роналдо по финалето со Ливерпул каде најави можно
заминување.
Сепак, најновата
причина за која се зборува за тоа зошто Зидан си замина од Реал Мадрид е таа
дека наводно имал големи несогласувања околу трансфер плановите на тимот за
овој летен преоден рок, и тоа со претседателот на клубот, Флорентино Перез.
Наводно, Зидан
сакал да го доведе Еден Азар од Челси, но Перез се противел на таа негова
желба, истакнал дека прва трансфер цел треба да биде голманот на Манчестер
јунајтед, Давид Де Хеа.
Зидан имал став
дека ангажирањето на Де Хеа би било сосема непотребно и расфрлање со пари, истакнал дека има целосна доверба во Кејлор Навас, но, Перез останал на својот став.