Зидан доби повеќе од играчите, еве колкав бонус ќе подели Реал за двојната титула

by
1 минути читање

По пауза од 59 години, Реал Мадрид стигна до двојна круна, откако во
неделата триумфираше над Јувентус во Кардиф, и на трофејот од Ла Лига го додаде
и оној од Лигата на шампионите.

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека ваквиот успех ќе им донесе убав бонус
на играчите, односно речиси двојно повеќе од премиите кои биле поделени
минатата сезона (700.000 евра за триумф во ЛШ и 100.000 евра за победа на Камп
Ноу).

Секој играч ќе добие по 1,5 милиони евра, а премијата за Зинедин Зидан ќе изнесува
повеќе, односно 2 милиони евра.

2 милиони евра ќе бидат поделени помеѓу останатиот дел од тренерскиот
персонал и играчите од младинскио тим кој добиваа повик за настап во Лигата на
шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани