Жирона се огласи на социјалните мрежи по погодокот на Бојан Миовски против Лихтенштајн, клубот од Шпанија со емотивна порака се обрати на македонски јазик.
„Црвено-жолтите“ синоќа ги започнаа квалификациите за мундијалот во 2026 и ја оправдаа фаворитската улога на гостувањето кај Лихтенштајн, победија со 0-3.
Бојан Миовски беше еден од стрелците, напаѓачот го постигна третиот погодок, но наместо да прослави, тој го посвети на настраданите во пожарот во Кочани.
Токму овој гест на солидарност и силна порака на голгетерот се најде во објавата на Жирона на социјалните мрежи, клубот од Шпанија исто така на македонски јазик напиша: „Нашиот најдобар стрелец“.