Една од главните теми во фудбалската јавност во овој период е ситуацијата помеѓу Мохамед Салах и Ливерпул, а Арне Слот одлучи и целосно да го исклучи од тимот за дербито со Интер во Лигата на шампионите.
На оваа тема зборуваа и многу познати фудбалски имиња, еден од нив е и легендарниот Марко Ван Бастен. Тој застана на страната на Слот велејќи дека Салах во оваа ситуација се однесува како да има мозок на инсект.
„Би кажал дека Салах има мозок на инсект, не може така да реагирате. Минатата година беше многу добар, но оваа не е. Последниве неколку месеци едноставно игра лошо. Секогаш сум го сметал Слот за искрен и директен. Не бега од конфликт и на крајот не кажува ништо неразумно. Салах, од друга страна, навистина почна да го напаѓа човекот и реакцијата му беше погрешна.“
Дербито помеѓу Интер и Ливерпул на програмата е вечерва од 21:00 часот.