Преселбата на
Кристијано Роналдо од Реал Мадрид во Торино беше „бомбата“ изминатово лето.
Јувентус за услугите на ЦР7 на „кралевите“ им плати рекордни 100 милиони евра
за Серија А, а беа одвоени и додатни 12 милиони евра во солидарни фондови.
Спортскиот
директор на „Старата Дама“, во емисијата 360° на Скај Спорт открива повеќе
детали од преговорите и изјави дека зделката била прлично едноставна бидејќи ЦР7
на ум имал само трансфер во Торино.
„Со Кристијано
Роналдо беше прилично едноставно, бидејќи тој на ум веќе имаше зацртано дека
сака да оди во Јувентус. Немаше потреба да го убедуваме. Мислам дека по крајот
на финалето во Лигата на шампионите тој веќе имаше одлучено, кажа, „Ако постои
можност, сакам само во Јувентус““ – вели Фабио Паратичи.
„Кога се
сретнавме со Мендеш да преговараме за Кансело, тој ни кажа „Можеби нема да ми
верувате, но Кристијано сака да дојде во Јувентус. Му одговорив, „Не дека не ти
веруваме, но ми се чини дека е тешко да ги склопиме сите коцки““.
Фабио Паратичи
потоа го известил Андреа Ањели за можноста која им се укажала, а претседателот
не мислел многу и веднаш решил да ја зграпчи шансата.
„Ањели побара да
размисли ден или два, но ми се јави по само три часа! Изнајмивме вила на
езерото Маџоре каде цел ден со адвокатите на Кристијано Роналдо и Јувентус го
составувавме договорот“.