Заврши сагата околу Агим Ибраими

by
1 минути читање

Словенечка „Екипа“
утрово напиша дека конечно, завршила сагата околу 29 годишниот македонски
интернационалец Агим Ибраими и неговата регистрација во словенечкиот прволигаш
Домжале.

Некогашниот најдобар
македонски фудбалер имаше административни пречки околу регистрацијата во
словенечкиот прволигаш каде премина како слободен фудбалер на трансфер пазарот.

Повеќе нема никакви
сомневања, сите процедури се завршени, заврши сагата околу Агим Ибраими. По
подолг период чекање, тој сега може да биде регистриран во тимот на Домжале,
ФИФА даде зелено светло за неговата преселба откако претходно недостасуваше „амин“
од Казахстанската фудбалска лига, тој може да настапи уште во недела
“ пишува словенечкиот медиум
, откривајќи дека најголемите компликации настанале со
чекањето на потребните документи од Казахстан, каде нашиот фудбалер беше дел од
тимот на Астана претходно.

Ибраими дебитираше за
Домжале, и тоа на пријателски меч против Удинезе кој заврши со реми од резултат
1-1, одигра 64 минути а доби високи оценки од словенечките медиуми за неговиот
настап.

 

Извор: ekipa.svet24.si

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани