Формулата по која
се распределуваат средствата е позната, па медиумите неколку часа по финишот на
сезоната направија први пресметки кои покажаа дека Ливерпул иако не е шампион,
најдобро ќе се офајди. Причина за ова е
тоа што Скај и БТ пренесувале три натпревари повеќе на „црвените“ односно 29
мечеви, наспроти 26 на „граѓаните“.
Премиерлигата
сега ги соопшти официјалните бројки, кои горе-долу се слични на прогнозите кои беа направени. Од табелата која беше објавена се гледа дека 20-те клуба поделиле
речиси 2,5 милјарди фунти. Ливерпул добил речиси 152,5 милиони фунти, а шампионот
Манчестер Сити речиси 151 милион фунти.
Единствен кој не
заработил 100 милиони фунти е последнопласираниот Хадерсфилд, кој добил 96,6
милиони фунти. Па не случајно сите премиерлигаши трошат како луди на засилувања. Само за потсетување, еден Фулам минатото лето на нови играчи одвои околу 100 милиони фунти.