Левиот бек на Челси, Марк Кукуреља вели дека Кол Палмер заработил фрактура на малиот прст на ногата откако малку претерал по загубен натпревар на видео играта „FC 25“.
Кол Палмер поради повреда на препоните е надвор од стројот околу два месеци, и се очекуваше да се врати во тимот по паузата за настап со репрезентации.
Но во петокот Енцо Мареска откри дека Англичанецот заработил бизарна повреда во домот, заработил фрактура на малиот прст на ногата и ќе биде во „аут“ барем уште некоја недела.
Во пресрет на натпреварот против Барселона во Лигата на шампиони, Марк Кукуреља рече дека Кол Палмер се повредил откако малку претерал по загубен натпревар на видео играта „FC 25“.
„Да бидам искрен, не ми се веруваше кога разбрав за новата повреда“ – рече левиот бек на средбата со новинарите.
„За жал вакви работи знаат да се случат. И мене ми се случиле, но ја сум малку посилен, па поминувам полесно!“
„Малку бевме погодени од вестите, бидејќи Кол Пармер беше пред враќање на терените, тренираше и играше со нас. Сега го чека нова пауза“.
„Но таков е животот, се случуваат многу проблеми. Се надевам дека ќе се опорави брзо“.
Запрашан дали знае што се случило, тој рече: „Не знам точно. Милсам дека изгубил натпревар на „FC 25“, или нешто слично“.