Според
неофицијалните информации кои пристигнуваат, се вели дека Атлетико Мадрид го
таргетирал офанзивецот на Јувентус, Пауло Дибала како замена за Антоан Гризман,
кој јавно објави дека ќе си замине од редовите на Јорганџиите.
Гризман преку
видео обраќање синоќа ја објави својата одлука, а очекувањата се Барселона да
ја исплати неговата откупна клаузула во износ од 125 милиони евра, меѓутоа, за
иднината на Французинот постојат и други најави.
Газета дело Спорт
известува дека Атлетико Мадрид е веќе подготвен да го обнови интересот за
Дибала, откако Јорганџиите имаа интерес за неговите услуги и ланската сезона.
Николо
Шира, од италијанскиот весник, објаснува дека шефот на стручниот штаб на
Атлетико Мадрид, Диего Симеоне е голем обожовател на играта на Аргентинецот.