Интер веќе работи на пронаоѓање замена за Дензел Дамфрис, кој кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид.
Според информациите од Италија, „нераѕурите“ внимателно го следат пазарот и разгледуваат неколку опции, а една од нив доаѓа од Серија Б. Во фокусот на миланскиот клуб е Идриса Туре од Пиза. Станува збор за фудбалер кој може да ја покрива целата десна страна и зад себе има искуство во италијанскиот фудбал, меѓу другото и во младинскиот погон на Јувентус.
Засега нема официјални преговори меѓу двата клуба, но Туре е меѓу кандидатите што Интер ги разгледува за пополнување на празнината по заминувањето на холандскиот репрезентативец.
Ова е последица на загубената битка за потписот на Марко Палестра кој беше близу до Интер, ама Аталанта на крајот го продаде во Челси.