80
Џенова на нашиот Горан
Пандев направи големо изненадување на гостувањето кај Лацио, совладувајќи го
тимот од Рим на негов терен со 1-2 во редовното коло од Серија А.
Македонскиот
репрезентативец и капитен на нашата селекција, беше стрелец на првиот, водечки
гол за гостинскиот табор во второто полувреме, а нашиот фудбалер, според една
од најреномираните новински агенции во светот, француска „АФП“ е Црногорец.
„Црногорскиот
интернационалец, ветеранот Горан Пандев им даде на гостите предност во второто полувреме во Рим“ пишува угледната новинска агенција.
Извор: afp.com