Манчестер
јунајтед сериозно ја разгледува опцијата да тргне повторно кон Хари Мегваер,
дефанзивецот од редовите на Лестер кој беше голема желба на Жозе Мурињо,
ланското лето португалскиот стратег силно посакуваше да го доведе на Олд
Трафорд, но, не успеа во тие намери.
Сега, Оле Гунар
Солскјер ќе може да го возобнови интересот на Манчестер јунајтед, а „Стандард“
пишува дека извршниот потпретседател на клубот, Ед Вудворд ќе даде зелено
светло за клубот да постави рекорд за еден дефанзивец и тоа во претстојниот
летен преоден рок.
Горе наведениот
медиум додава дека Вудворд веќе прифатил дека мора да се преземат големи
промени во составот откако клубот претрпе серија неуспеси во изминатата декада,
а статусот на успешен гигант полека но сигурно го губи.
Лани постоеше
загриженост на Олд Трафорд дека високите барања на Лестер за Мегваер се
најмногу поради неговите импресивни изданија на Светското првенство, но,
неговата форма и оваа сезона ја потврдија неговата класа и ги импресионираа
скаутите на Манчестер јунајтед кои продолжија да го мониторираат.
Кулибали беше
долг период желба на Манчестер јунајтед кога станува збор за засилување во
дефанзивната линија, но, Наполи постојано ги одбиваше заинтересираните клубови
за Сенегалецот, Варан од Реал Мадрид исто така се споменуваше како опција, но,
се шпекулира дека Французинот во услови кога Премиерлигашот не обезбеди место
во Лигата на шампионите речиси сигурно ќе ја отфрли оваа опција.