Вториот дрес на Јувентус за идната сезона ќе биде црвено-бел!? (ФОТО)

by
1 минути читање

Според нив на главниот дрес црната и белата боја нема да бидат во тенки ленти, туку боите ќе бидат поделени на половина, со контра боја на ракавите. Шорцевите ќе бидат црни.

Вториот дрес ќе биде црвено-бел. Ќе доминира белата боја, шорцевите ќе бидат црвени. Јувентус во сезоната 2005/2006 имаше целосно црвена варијанта на дресови, па оваа боја нема да биде нешто ново за шампионот.

Третата боја на дресови ќе биде комплетно сина, со нијанси на тиркизна боја.

Останува да видиме дали „Фоту хедлајнс“ и овој пат ги има вистинските информации и токму овие три варијанти ќе бидат дресовите на Јувентус за идната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани