Во Ливерпул донеле одлука: Познат првиот фаворит за наследник на Салах?

by Стефан
1 минути читање

Мохамед Салах веќе најави дека најверојатно ја игра последната сезона во дресот на Ливерпул и во клубот интезивно работат за доведување на негов наследник.

Според последните информации од медиумите на Островот тренерот Арне Слот сака на местото на Салах да го доведе фудбалерот кој оваа сезона блеска во дресот на Вулверхемптон, Матеус Куња.

Куња игра одлично и веќе го привлече вниманието, па во Вулверхемптон се свесни дека тешко ќе го задржат. Цената која ја одредија за неговите услуги е 70 милиони евра.

Сезонава во Премиер лигата бразилскиот фудбалер постигна десет гола на 19 одиграни натпревари и се наоѓа на седмото место на листата стрелци. Покрај Ливерпул претходно интерес за неговите услуги покажа и Арсенал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани