Според
информациите кои пристигнуваат од Италија, се вели дека Интер веќе има договор
за четворица кои се нивна желба на трансфер листата, откако тимот од Милано
решително влегува во летниот преоден рок за поголем квалитет во својот состав.
Интер обезбеди
место во Лигата на шампионите за идната сезона, а Антонио Конте, новиот шеф на
стручниот штаб на Нероаѕурите ќе склопува состав кој ќе се вклопи во неговиот
систем на игра, па така несомнено е дека ќе има промени во италијанскиот
прволигаш.
„Кориере дело
Спорт“ тврди дека тимот од Милано веќе ги договорил условите со Ромелу Лукаку,
Николо Барела, Един Џеко и Валентино Лазаро, меѓутоа, останува да се договорат
и со клубовите, а преговорите се сеуште во тек.
Младиот Барела од Каљари кој игра во средината од теренот е доста интересен за неколку екипи, Лукаку од поодамна изрази желба да игра во Серија А, токму Интер се наведуваше како негова следна дестинација, а не е исклучена можноста да дојде и до трампа со Манчестер јунајтед, на Островот да замине Мауро Икарди, Џеко е исто така опција, а Лазаро од Херта би бил освежување во средниот ред.