Вечерва стартува четвртфиналната фаза од Лига на шампиони на УЕФА, каде осум европски гиганти ќе водат жестока битка за место меѓу четирите најдобри. Во вакви натпревари, секој детал може да биде пресуден, па дури и еден жолт картон.
Имено, 30 фудбалери од осумте тимови се наоѓаат под закана да го пропуштат реваншот, доколку добијат јавна опомена во првите средби. Дел од нив, пак, веќе се надвор од комбинација поради повреди, меѓу кои се Родриго од Реал Мадрид, Конор Бредли од Ливерпул и Пабло Бариос од Атлетико Мадрид.
Најпроблематична е ситуацијата во редовите на Атлетико, каде дури осуммина играчи „висат“ со суспензија. Ништо помалку внимателни не смеат да бидат ниту во Реал, каде под ризик се клучните ѕвезди Винисиус Жуниор, Килијан Мбапе и Џуд Белингем. Во Барселона, пак, на раб од суспензија се Јамал и Фермин Лопез.
ФУДБАЛЕРИ СО ЖОЛТИ КАРТОНИ:
Реал Мадрид: Хујсен, Карерас, Чуамени, Белингем, Мбапе, Винисиус Жуниор, Родриго (повреден)
Баерн Минхен: Лајмер, Упамекано
Спортинг: Луис Суарез
Арсенал: Зубименди, Норгард
ПСЖ: Кварацхелија, Нуно Мендеш
Ливерпул: Бредли (повреден), Гравенберх, Џонс, Ван Дајк
Барселона: Жерар Мартин, Касадо, Фермин Лопез, Ламин Јамал
Атлетико Мадрид: Љоренте, Ле Норман, Ленгле, Пубил, Руџери, Симеоне, Алмада, Бариос (повреден)