Влаховиќ се изедначи со Кристијано Роналдо, прво реми за Фиорентина оваа сезона (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Прво реми за Фиорентина во Серија А оваа сезона, одиграа 2-2 против солидниот тим на Сасуоло.

Душан Влаховиќ се изедначи со Кристијано Роналдо по бројот на постигнати голови во една календарска година во Серија А, двајцата имаат по 33 голови.

Србинот ќе има уште една шанса да го престигне Роналдо, на 22. декември кога Фиорентина гостува во Верона во последното коло за оваа година.

Сасуоло одлично го почна денешниот меч и со голови на Скамака во 32. минута и Фратези две минути подоцна поведоа со 2-0. Тоа беше резултатот од првото полувреме.

По шест минути игра во вториот дел Душан Влаховиќ намали на 2-1, а конечните 2-2 ги постави Тореира во 61. минута од натпреварот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани