Винисиус Жуниор
ги издвои двајцата сонародници од Реал Мадрид, Кашемиро и Марсело, кои му
помогнале да се адаптира брзо во редовите на гигантот, дури и побрзо отколку
што многумина очекувале.
„Кашемиро и
Марсело одиграа голема улога во мојата адаптација во тимот“ вели Кариоката.
„Никој, дури ни
јас самиот, ниту моето семејство, ниту Реал Мадрид како клуб, верувам дека не очекуваше
ваква брза адаптација од мене, мислам дека се адаптирав мошне брзо а сега веќе
и се развивам во уште поголем фудбалер“ додаде младиот Бразилец.
18 годишниот
офанзивец добива доверба под кормилото на новиот тренер на Реал Мадрид,
Сантијаго Солари, а претходно забележа само 12 минути на терените во дресот на
гигантот под кормилото на Хулен Лопетеги.