Винисиус имал договор со Барселона?

by
1 минути читање

Офанзивецот на
Реал Мадрид, Винисиус Жуниор имал договор со Барселона во периодот кога бил во
Фламенго, пренесува
Cadena Cope.

Перформансите на
Бразилецот во ланскиот шампионат на Јужна Америка за фудбалери до 17 години
биле следени од Каталонците кои веднаш тргнале во офанзива за неговиот потпис,
а до некаде и успеале во тоа, но, потоа биле „победени“ вон зелениот терен од
страна на нивниот лут ривал од Мадрид.

Како и да е, Реал
Мадрид продолжи доста сериозно во преговорите со Винисиус, а веќе во март
ланската година го претстави во јавноста како големо засилување, а Бразилецот
веќе ова лето пристигна во Мадрид откако наполни 18 години.

Претходно
наведениот медиум додава дека и покрај тоа што сумата која беше издвоена од
Реал Мадрид за трансферот на Винисиус изнесува 45 милиони евра, како
обештетување за Фламенго, истовремено шпанскиот гигант обезбедил и екстра
дополнителни 16 милиони евра за неговиот агент, а воедно и „награда“ за
семејството на големата надеж на бразилскиот фудбал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани