Новиот прволигаш Шкендија Арачиново продолжува активно да работи на составувањето на тимот за дебитантската сезона во елитното друштво, а следното засилување пристигнува од редовите на Пелистер.
Клубот од Арачиново го обезбеди потписот на Вилдан Керим, искусен фудбалер кој зад себе има богата кариера и настапи во повеќе средини во Македонија, Косово и Турција.
Станува збор за 31-годишен крилен напаѓач кој во изминатиот период го носеше дресот на Пелистер, а претходно беше дел и од Вардар, Гостивар, Воска Спорт, Детонит Плачковица, Скопје, Дреница и Дукаѓини. Во својата кариера настапуваше и за турските клубови Караман, Силифке и Сарајону.
Со долгогодишното искуство и големиот број настапи на сениорско ниво, Керим треба да биде едно од поважните оружја на Шкендија Арачиново во обидот да обезбеди успешна прволигашка сезона.