Викендов може да се израмни најголемиот рекорд во Премиер лигата

by 24 фудбал
1 минути читање

Фудбалската јавност во Англија со нетрпение го очекува претстојниот викенд, бидејќи Џејмс Милнер е на чекор до историски подвиг во Премиер лигата.

Доколку искусниот фудбалер настапи за Брајтон на натпреварот против Кристал Палас, ќе го одигра својот 653 натпревар во елитата и ќе се израмни со рекордот што досега го држеше Герет Бери.

Со 40 години и повеќе од две децении поминати во најсилната англиска лига, Милнер е вистински симбол на константност и професионализам.

Своето деби во Премиер лига го имаше како тинејџер во дресот на Лидс, а историјата ја испиша кога со 16 години и 352 дена стана најмладиот стрелец во лигата на мечот против Сандерленд. Кариерата го однесе и преку Свиндон Таун и Њукасл, а потоа и во Астон Вила, пред да ја доживее најплодната фаза во Манчестер Сити. Сепак, посебно место во неговата кариера има и периодот во Ливерпул, каде што освои титула во Лигата на шампионите и шампионски пехар во Англија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×