Виери за новата генерација напаѓачи: Ние бевме болни да постигнеме гол, на денешниве само Инстаграм им е потребен

by
1 минути читање

Кристијан Виери
упати големи критики до новата генерација фудбалери за тоа дека не се грижи
доволно за фудбалот, Виери беше еден од најопасните напаѓачи во фудбалска
Европа, постигнувајќи повеќе од 200 погодоци во својата богата кариера.

 Денес за да бидете напаѓач потребно ви е
само Инстаграм
“ вели тој за
Radio Deejay.

Денес не им е
потребно да постигнуваат по 30 погодоци повеќе, немаат потреба да погодуваат
секоја недела
“ додаде Италијанецот.

Тој се присетува
како било во негово време, вели, доколку напаѓачите од неговата генерација не
успеале да постигнат гол на одреден меч, ќе се затвореле во соба и ќе
анализирале, тоа денес го нема.

Претходно, ако
не погодоте, ќе се затворите во една соба, и ќе го анализирате денот, ќе ги
проследите грешките што сте ги направиле за да не ги повторите наредниот
натпревар
“ издвои Виери.

Тоа повеќе не се
случува, ние, нашата генерација, посебно напаѓачите, бевме болни да постигнеме
гол
“ заклучи поранешниот бомбардер.

Виери според
неофицијалната статистика има постигнато 194 погодоци на 374 настапи за
клубовите каде настапуваше, најдобриот период го имаше во Интер, каде во шест
сезони на 143 натпревари успеа да постигне 103 погодоци.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани