Венгер се договори со Арсенал, останува и во наредните две години

by
1 минути читање

Во изминатите два дена Венгер и сопственикот Кроенке разговараа за иднината на францускиот стратег и решија тој да продолжи да го води тимот.

Арсенал заврши на петтото место оваа сезона и за прв пат под водство на Венгер нема да игра во Лигата на шампионите, но освојувањето на ФА Купот ја ублажи неуспешната сезона.

Актуелниот договор на Венгер истекува оваа година, голем дел од фановите бараа тренерска смена, но тој и во наредните две години ќе биде на клупата на Арсенал.

Венгер на Арсенал му донесе три шампионски титули во Премиерлигата и четири пати го освои ФА Купот во првите девет сезони како менаџер. Но од 2005 година навивачите чекаа дури девет години за нов трофеј, тоа беше ФА Купот во 2014 година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани