Венгер: Не мора да освојуваш за да си голем клуб, пример за тоа е Ливерпул

by
1 минути читање

Арсен Венгер е под сериозен притисок да замине од Арсенал, тимот игра лоша сезона и за прв пат под негово водство може да не се пласира ниту меѓу четирити најдобри.

Арсенал одамна веќе не се бори за големите трофеи како Премиерлигата и Лигата на шампионите, но според Венгер не е се во титулите.

„За мене Арсенал е најдобриот клуб во светот и тоа што го изградивме е апсолутно фантастично, но само резултатите туку вредностите на овој клуб. Секако дека фудбалот се игра за победи, но важни се и вредностите“ – вели Венгер.

„Никој веќе не зборува за тоа но во спортот исто така се важни и вредностите како интегритетот, почитта, скромноста, заедништвото и ако го посетите нашиот клуб ќе ги видите сите овие квалитети на дневна основа. Горд сум поради тоа“.

„Во основа можете да речете дека доколку не сте освоиле првенство имате неуспешна сезона и можам да го разберам тоа, но имате клубови како Ливерпул, тие уште не ја освоиле Премиерлигата но се голем клуб“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани