500
Навивачите на Арсенал го славеа Арсен Венгер како бог, а тој сега вели дека останувањето 22 години во ист клуб било неговата најголема грешка во кариерата.
Во интервју за францускиот „РТЛ“, на прашањето која била неговата најголема грешка во кариерата, Венгер вели: „Веројатно останувањето во еден ист клуб 22 години“.
„Јас сум човек кој сака да се движи многу, но исто и некој кој сака предизвици. Бев заробеник на мојот сопствен предизвик во тој период“.
„Жалам што шртував се бидејќи сфатив дека повредив многу луѓе околу мене. Запустив многу луѓе, ја запоставив мојата фамилија и многу други блиски“.
„Сепак, длабоко во себе, опседнатиот човек е себичен во потрагата по она што го сака. Тој игнорира многу други работи“.