Велковски: На стара слава не се живее, сакаме успех и во Полска

by
1 минути читање

Македонските фудбалери се подготвуваат за Европското првенство во Полска кое за нив започнува со саботниот натпревар против Шпанија.

„Атмосферата во репрезентацијата е секогаш одлична. Опуштени сме, но работиме со полна пареа. Благодарни сме за поддршката која ја добиваме од навивачите во Македонија, но на стара слава не се живее. Сега сме на неколку дена од првиот натпревар во квалификациите и максимално сме посветени на пресметката против Шпанија. Оваа репрезентација покажа дека може да биде на високо ниво, а верувам дека добро ќе ја затвориме одбраната, секако со помош на целата екипа, бидејќи одбраната не зависи само од двајца стопери, вели Дарко Велковски за официјалната страна на ФФМ.

Фото: ФФМ

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани