73
Дефанзивецот на
македонскиот првак, Дарко Велковски, според информациите кои се објавени на
официјалниот клупски сајт на Вардар, ги напушти подготовките на клубот во
Анталија и се врати во Скопје.
Причината е повреда со
која се здобил Велковски поради која не може да биде на располагање на тренерот
Јаневски кој во консултација со медицинскиот тим донесе одлука фудбалерот да се
рехабилитира во нашиот главен град.
Велковски има воспаление
на ахиловата тетива, а од клубот додаваат дека постои надеж тој да биде
подготвен за настап до почетокот на пролетниот дел од сезоната.