Веќе го имаме првиот клуб кој обезбеди место во Лигата на шампионите наредната сезона!

by Стефан
1 минути читање

Фудбалерите на Барселона вчера успешно ја завршија задачата во 29. коло од шпанската Ла Лига, откако на „Камп Ноу“ го совладаа Рајо Ваљекано со минимални 1-0, со што воедно обезбедија и пласман во Лигата на шампионите за следната сезона.

Единствениот гол на натпреварот го постигна Араухо во 24. минута, кога по корнер со глава ја затресе мрежата и донесе радост за домашните навивачи.

Барселона можеше и поубедливо да стигне до трите бода, но пропушти голем број изгледни шанси, па на крајот дури можеше да биде и казнета. Сепак, каталонскиот тим ја задржа предноста од четири бода пред Реал Мадрид, а успеа да оствари и уште една важна цел.

Имено, Барселона веќе го обезбеди своето место меѓу најдобрите четири екипи на табелата, со што автоматски си обезбеди и учество во Лигата на шампионите следната сезона.

Со тоа, избраниците на Флик станаа првиот тим што си гарантираше место меѓу 36-те најдобри клубови во Европа за наредната сезона.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×