Вечерва се враќа Лигата на шампионитее: Дербито е в Милано, Елмас гостува во Данска

by Стефан
1 минути читање

Лигата на шампионите вечерва повторно е во центарот на вниманието, откако со натпреварите од претпоследното, седмо коло, продолжува првата фаза од Лигата на шампионите.

Централниот дуел на вечерта се игра на „Џузепе Меаца“, каде Интер го пречекува Арсенал. „Нераѕурите“ добро ја почнаа сезоната, но поразите од Атлетико Мадрид и Ливерпул ја комплицираа нивната трка за топ 8. Без три бода против Арсенал, италијанскиот тим ќе се најде под голем притисок, особено што во последното коло ги очекува гостување кај Борусија Дортмунд. Арсенал, пак, настапува растоварено, „топчиите“ се лидери со максимални 18 бода и само еден примен гол.

Денешната програма ја отвора дебитантот Каират Алмати, кој со само еден освоен бод е закован на дното. Казахстанскиот тим од 16:30 часот ќе се обиде да приреди изненадување против Бриж.

Потоа во вториот термин Манчестер сити го очекува незгодно гостување кај Бодо/Глимт. „Граѓаните“ не се во најдобра форма, што се покажа и по поразот од Манчестер Јунајтед во Премиер лигата, но во ЛШ моментално се на четвртото место. Победа во Норвешка би значела значаен чекор кон осминафиналето.

Натпревар вечерва го очекува и Наполи на македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас кој ќе гостува во Данска кај Копенхаген. Иако, претходно се појавија најави дека Елмас поради настинка може да го пропушти овој дуел, сепак Елиф е со тимот и според најавите од Италија ќе игра во почетниот состав.

16:30 Каират Алмати – Бриж

18:45 Бодо/Глимт – Манчестер Сити

21:00 Копенхаген – Наполи

21:00 Интер – Арсенал

21:00 Олимпијакос – Баер (Леверкузен)

21:00 Реал Мадрид – Монако

21:00 Спортинг – ПСЖ

21:00 Тотенхем – Борусија Дортмунд

21:00 Виљареал – Ајакс

Standings provided by Sofascore

Можно е и ова да ти се допаѓа

×