По пауза од 20 дена вечерва се враќаат натпреварите во Лигата на шампоните, а од деветте натпревари кои се на програмата најголемо внимание привлекува дуелот во Лондон помеѓу Арсенал и Атлетико Мадрид.
Тоа ќе биде натпревар на две екипи кои играат во добра форма во последниот период. „Топџиите“ врзаа пет победи во сите конкуренции, додека Атлетико на последните пет средби забележа четири победи. Арсенал во натпреварот влегува по две победи во најелитното европско натпреварување, додека „јорганџиите“ имаат победа и пораз.
Вечерва натпревар ќе им Наполи на Елиф Елмас кој гостува во Холандија кај ПСВ.
Италијанскиот шампион во првите две кола има победа и пораз, додека ПСВ еден натпревар загуби, а во еден ремизираше.
Интересно може да биде и во Леверкузен каде што гостува актуелниот европски шампион, Пари Сен Жермен. На останататите средби, Виљареал го дочекува Манчестер сити, Интер ќе биде фаовирт на гости кај Ројал Унион, Њукасл дома се соочува со Бенфика, Борусија Дортмунд гостува во Данска кај Копенхаген. Каират пред својата публка ќе игра со Пафос, а Барселона во Шпанија на свој терен ќе ја има фаворитската улога со Олимпијакос.
18:45: Барселона – Олимпијакос
Каират – Пафос
21:00: Арсенал – Атлетико Мадрид
Баер Леверкузен – ПСЖ
Копенхаген – Борусија Дортмунд
Њукасл – Бенфика
ПСВ – Наполи
Ројал унион – Интер
Виљареал – Манчестер сити