Вечерва се играат реванш натпреварите од плеј-офот во ЛШ: Милан и Аталанта „бркаат“ негатива

by Стефан
1 минути читање

Вечерва на програмата се реванш натпреварите од плеј-офот за осминафиналето во Лигата на шампионите.

Првиот натпревар се игра од 18:45 часот во Милано каде што „росонерите“ ќе го дочекаат Феенорд кој во првиот натпревар на свој терен во Холандија славеше победа од 1:0.

Од 21:00 часот ќе се играат три натпревари. Негатива ќе „брка“ и вториот италијански клуб вечерва, Аталанта во Бергамо ќе го пречека Клуб Бриж откако Белгијците на првата средба славеа со резултат 2:1.

Баерн на свој терен ќе игра против Селтик и се очекува гигантот од Минхен да ја одбрани предноста од 2:1 од првиот натпревар. Во последниот натпревар Бенфика ќе го пречека Монако, португалскиот состав на претходната средба славеше победа од 1:0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×