Вечерва започнува второто коло во Лигата на шампионите, а натпревари се играат во стандардните термини во 18:45 и 21:00 часот.
Во првиот термин Реал Мадрид ќе биде голем фаворит на далечното гостување кај Каират во Казахстан, додека во вториот натпревар силите ќе ги одмерат Аталанта и Клуб Бриж.
Од 21:00 часот интересно се очекува да бидде во Истанбул, каде што Ливерлул ќе гостува на турскиот шампион Галатасарај.
Но, посебно внимание привлекува и натпреварот во Лондон каде што Бенфика му гостува на Челси. Овој натпревар привлекува посебно внимание поради Жозе Мурињо кој порача дека со Бенфика сака победа против клубот каде што помина некои од неговите најдобри денови во кариерата.
Португалецот не криеше дека натпреварот носи посебни емоции за него, меѓутоа исто така додаде и дека ќе направи се за Бенфика да победи.
На останатите средби, Баерн ќе биде голем фаворит со Пафос, Интер исто така во дуелот со Славија Прага, Тотнем го чека гостување кај Бодо, а неизвесно би можело да биде во пресметката помеѓу Марсеј и Ајакс.