Вечер на спектакли во Лигата на шампионите, ќе има во Англија и Франција!

by Стефан
1 минути читање

Нова рунда од групната фаза во Лигата на шампионите се игра вечерва на стадионите ширум Европа, а љубителите на фудбалот ќе можат да уживаат во два фудбалски спектакли.

Најголемо внимание привлекува европскиот класик меѓу Ливерпул и Реал Мадрид, кој се игра на „Енфилд“ од 21 часот, а во центарот на вниманието ќе биде Трент Александер-Арнолд. Ова ќе биде негово прво враќање на „Енфилд“ откако летово го напушти клубот во кој израсна и се прослави, па останува да се види каков пречек ќе му подготват навивачите на „црвените“.

Реал Мадрид во многу подобра позиција го дочекува натпреварот бидејќи има максимален учинок досега, три победи на три натпревари, додека Ливерпул има две победи и еден пораз.

Фудбалски спектакл има и во Париз, каде што актуелниот европски шампион ПСЖ ќе го пречека Баерн Минхен.

Станува збор за натпревар на два тима кои го делат врвот на табелата по три одиграни кола, ПСЖ е лидер, Баерн е веднаш зад него со ист број бодови и идентична гол-разлика, но „светците“ се пред Баварците поради еден постигнат гол повеќе.

Лондонски Арсенал, кој исто така има максимални девет бодови, има на хартија полесно гостување кај Славија Прага, каде ќе се обиде да стигне и до четвртата победа.

Наполи на македонскиот репрезентатвец, Елиф Елмас ќе го пречека Франкфурт, доека на останатте средби, Атлетико Мадрид дома ќе биде фаворит со Ројал унион, Монако паува во Норвешка кај Бодо, Јувентус ќе бара прва победа сезонава со Спортинг во Торио, ПСВ готува на Олимпијакос и Тотнем дома ќе се соочи со Копенхаген.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×