Варди е страшен голгетер, а во една категорија пред него е само Роналдо!

by Стефан
1 минути читање

Џејми Варди и во својата 38. година покажува дека годините за него се само бројка, продолжувајќи да блеска на фудбалските терени низ Европа.

Искусниот англиски напаѓач стигна до импресивната бројка од 150 голови во петте најсилни европски лиги, а јубилејниот погодок го постигна на натпреварот меѓу Кремонезе и Каљари, кој заврши без победник.

Посебна тежина на овој успех му дава фактот што дури 116 од тие голови Варди ги постигна откако наполни 30 години и во оваа категорија пред него е само Кристијано Роналдо.

Сепак, португалскиот ас е далеку пред Варди со постигнати 290 голови по влегувањето од четвртата деценија од животот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×