Вардар убедлив против Заглебје, Силекс ремизираше со Црвена Звезда, исто и Работнички против Мариупол

by
3 минути читање

Македонскиот првак
Вардар славеше убедлив триумф над полски Заглебје со 3-0, а на полувремето
имаше водство од 1-0 во четвртата контролка на подготовките во Анталија.

Фото:
fkvardar.mk

Блажевски на пет минути
пред истекот на регуларните 45 минути игра во првиот дел донесе почетно водство
за црвнео-црните, Фелипе по само три минути игра во второто полувреме зголеми
на 2-0, а конечните 3-0 ги постави Барсегјан во 58. минута.

Кратовски Силекс пак
имаше доста силна контролка откако одигра реми со резултат 1-1 против
белградска Црвена Звезда.

Фото:
crvenazvezdafk.com

Први во водство дојдоа
фудбалерите на Црвена Звезда со автоголот на Филиповиќ во третата минута.
Конечниот исход од мечот го постави Благојевиќ во 51. минута од средбата.

Работнички ремизираше со
украинскиот прволигаш Мариупол во мечот каде конечниот исход гласеше 1-1, а
тимот на Горан Станковски беше подобар во првиот дел од средбата и дојде до
почетно водство, а украинскиот клуб на десет минути пред крајот дојде до
израмнување.

Фото: fkrabotnicki.com

Водечкиот гол за
Романтичарите го постигна Велинов во 28. минута, израмни Тишенко во 80. минута.

Ќе издвоиме и дека
македонскиот прволигаш од Дебар Маало денес постигна договор на една сезона со
искусниот напаѓач Христијан Кировски.

Среќен сум што
постигнав договор со раководството на Работнички и ќе се трудам максимално да
ја оправдам довербата и со добри игри да му помогнам на тимот да ги исполни
своите цели во пролетниот дел од првенството. По две години на Тајланд се
враќам во македонскиот фудбал и имам големи мотиви
“ рече Кировски во изјавата
за официјалниот клупски сајт.

 

Фото-вест: crvenazvezdafk.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани