Вардар ремизираше против Словачко, а на два пати имаше водство

by
1 минути читање

Реми со резултат 2-2,
вака гласеше конечниот исход помеѓу Вардар и Словачко на контролката во
Анталија.

Вардар имаше на два пати
водство, но избраниците на Јаневски тоа не го искористија, а шефот на стручниот
штаб на црвено-црните се реши да им даде шанса на сите фудбалери кои беа на
располагање.

Првиот гол за Вардар го
постигна Стојчевски за 1-0, а вториот за 2-1 беше дело на Максимов.

За Вардар одигра и
Лукман Харуна кој е на проба во редовите на македонскиот првак, а како што
пишувавме и претходно, тој е поранешен репрезентативец на Нигерија, и екс член
на Монако и Динамо Киев.

Фото-вест: fkvardar.mk

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани