Вардар со пораз се враќа од Ерменија, „црвено-црните“ примија еден случаен гол, но успеаја да ја затресат мрежата на противникот кој има убав резултат пред гостувањето во Скопје.
Натпреварот не изобилуваше со шанси се играше главно израмнето меѓу двата шеснаесетника, Пјуник беше поконкретен особено додека го даде единствениот гол.
Клучниот момет се случи во 28. минута кога Војнов шутираше по земја, нога постави Конате, топката го смени правецот го измами Гачевски и од стативата заврши во голот на Вардар за водство на Пјуник од 1-0.
Во продолжението од мечот Вардар се обидуваше да дојде до изедначување но нападите беа јалови без посериозна шанса за гол.
На крајот домаќините се задоволни од резултатот бидејќи на Вардар во Скопје ќе му биде потребна победа од два гола разлика. Реваншот се игра за седум дена.
ПЈУНИК: Кобозев, Григорјан, Кадио, Жестоков, Дмитриев, Аракелјан (64’ Минасјан), Трусевич, Хајрапетјан, Војнов (58’ Хакобјан), Конате (75’ Корјан), Аветисјан.
ВАРДАР: Гачевски, Тошевски, Новак, Попов, Манев, Битанг, Исени (66’ Али), Мицевски, Цветаноски, Барсегјан (75’ Максимов), Лира (46’ Бериша).
Фото: ФК Вардар