ВАР не простува: Руни за овој потег доби директен црвен (ВИДЕО)

by
1 минути читање

ДЦ Јунајтед
синоќа загуби на домашен терен од Њујорк во рамките на регуларната сезона од
МЛС шампионатот, а домаќините уште во 24. минута останаа со играч помалку на
теренот, откако исклучен беше Вејн Руни.

Ѕвездата на
домашниот состав беше доста груб во еден дуел во казнениот простор на својот
тим, па со лакт удри противнички фудбалер кој падна како покосен на теренот,
играта продолжи, меѓутоа Касерес и натаму остана да лежи на теренот, по што
судијата за момент го прекина мечот.

Следеше
консултација со ВАР технологијата за да се утврди ситуацијата, а истата наложи
да му се додели директен црвен картон на Англичанецот, кому очигледно дека не
му се допаѓа арбитражата во шампионатот на Соединетите Американски Држави.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани