ВАР и Лаказет му донесоа победа на Арсенал, на стрелците не им се играше фудбал од 16 часот (ВИДЕО)

by
1 минути читање

„Топчиите“ за прв
пат оваа сезона наредија три победи во низа, попладнево на Емирати, со 1-0
беше совлада Вест Хем во малото лондонско дерби.

Гостите има за
што да жалат откако креираа неколку добри шанси, но беа лоши во завршницата, а и
Лено имаше одлични интервенции. Клучниот момент на мечот се случи во 78. минута
кога Озил со глава спушти за нововлезениот Лаказет, а Французинот рутински ја
затресе мрежата на Вест Хем.

Но помошник
судијата покажа офсајд па целата ситуација се проверуваше со ВАР и славјето на момент беше прекината. Видео
технологијата сепак покажа дека Германецот е во дозволена позиција и судиојата
покажа на белата точка.

Стрелците очигледно
не беа расположени на денешните натпревари од 16 часот, па немаше многу голови
и на другите средби. Кристал Палас со 1-0 го совлада Вотфорд, а до минимална
победа стигна и Шефилд јунајтед над Норич, односно Њукасл на гостувањето кај
Саутемптон. На пресметката помеѓу Вулверхемптон и Брајтон немаше голови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×