Ван Бастен: Луѓето кои велат дека Роналдо е подобар од Меси не се разбираат од фудбал!

by
1 минути читање

Кристијано
Роналдо и Лео Меси се двајцата најдобри фудбалери на денешницата и едни од
најдобрите во историјата. Но за тоа кој е подобар од нив двајца, има голема
дебата која трае со години.

Свое мислење сега
даде легендата на Холандија, Марко ван Бастен, За поранешниот напаѓач на Ајакс
и Милан нема дилема, Лео Меси е број 1 а сите оние кои велат дека Кристијано Роналдо
е на врвот, не се разбираат од фудбал.

„Кристијано
Роналдо е голем фудбалер, но луѓето кои велат дека тој е подобар од Лео Меси не
се разбираат од фудбал, или имаа само лоши намери“
– вели Ван Бастен.

„Меси е уникатен,
ненадминлив и неповторлив. Играч како него се појавува еднаш во 50 или 100
години“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани